Двајца фудбалери му кажаа „збогум“ на Ливерпул

Од пред неколку месеци стана јасно дека Јирген Клоп нема да биде дел од Ливерпул идната сезона, а денеска клубот објави разделба со двајца фудбалери. Станува збор за централниот дефанзивец Жоел Матип, и играчот од средниот ред Тиаго Алкантара.

Матип го напуша Енфилд после осум сезони. Беше донесен како засилување во централниот дел на одбраната од страна на Јирген Клоп. Во минатото настапуваше за Шалке. За селекцијата на Камерун има одиграно 27 меча. Според информациите ќе се враќа во Германија, а има заинтересирани клубови и од САД и Саудиска Арабија.

Заминува и одличниот играч од средниот ред Тиаго Алкантара после четири сезони. Неговата кариера на „Енфилд“ ќе биде запаметена по многуте повреди, и затоа во изминатите четири години има малку настапи. Претходно беше дел од Баерн Минхен седум години, а пред тоа настапуваше за Барселона.

Се вчитува...