Двајца фудбалери на Тотенхем имале сообраќајка пред гостувањето во Франкфурт

Фудбалерите на Тотенхем, Вилсон Одобер и Рендал Коло Муани, имаа сообраќајна несреќа на 27 јануари. Несреќата се случила додека двајцата патувале кон аеродромот пред натпреварот на клубот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт, кој се игра вечерва.

Несреќата се случила на прометниот автопат М25 во Хартфордшир, помеѓу раскрсниците 24 и 25, при што 21-годишниот Одобер го следел 27-годишниот Коло Муани во друг автомобил.

Менаџерот Томас Франк потврди дека за среќа двајцата играчи излегле од инцидентот неповредени.

„Коло Муани и Вилсон Одобер се добро. За жал, тие беа вклучени во мала сообраќајна несреќа. Сите други учесници се добро. Причината беше дупната гума. Тие ќе патуваат во Франкфурт подоцна“, објави Френк.

Се вчитува...