Двајца фудбалери поради Аморим заминуваат од Јунајтед во јануари

Сезоната не започна баш најдобро за Манчестер јунајтед, а на удар се најде менаџерот на тимот Рубен Аморим. Но, само поради навивачите, клубот од „Олд трафорд“ очигледно не размислува за негов отказ.

Тоа го потврди и Сер Џим Ретклиф, гостин во подкастот „The Business“, каде рече дека Португалецот ја има целосната поддршка…

Но, далеку од тоа дека нема да има промени во Јунајтед во јануари. Двајца играчи од клубот сакаат да си заминат, а тоа е поради прилично малата минутажа, но и фактот што Аморим останува на клупата.

Голем број играчи веќе го напуштија „Олд трафорд“ минатото лето, меѓу нив Андре Онана, Гарнаџо, Ентони, Хојлунд, Линделоф, Рашфрод и Санчо…

По нивните стапки ќе тргнат уште двајца фудбалери, моментално незадоволни од својата минутажа. Првиот е на Коби Мејну, кој веќе побара да оди на позајмица. Желбата не му се исполни, беше планиран како замена за Бруно Фернандеш. Сепак, не успеа да се избори за посериозна минутажа.

Другиот е Џошуа Зиркзе, кој исто така добива шанса „на тацна“. Само двајца млади дефанзивци Хевен и Фредериксон имаа помала минутажа од него во досегашната сезона.

Се вчитува...