Двајца Хрвати ќе се борат за тренерската позиција во француски прволигаш

Француски Рен моментално се наоѓа на 13. место во Лига 1, што ја доведува во прашање позицијата на тренерот Жулиен Стефан, кој неодамна го продолжи договорот.

Меѓу потенцијалните наследници се хрватските стратези Игор Тудор и Нико Ковач кои во моментов се без работа. Тудор неодамна го напушти Лацио, додека Ковач беше отпуштен од Волфсбург.

Покрај нив, „Л’екип“ како можни кандидати за клупата на Рен ги наведува Руди Гарсија и Патрик Виеира.

Се вчитува...