Нотингем Форест по трет пат оваа сезона ја потврди нестрпливоста на сопственикот Евангелис Маринакис. По отказите кои ги добија Нуно Еспирито Санто и Eјнџ Постеклоглу, истата судбина го следеше и Шон Дајш па премиерлигашот сега е во потрага по нов стратег.
Информациите од „островот“ велат дека Маринакис размислувал за неколку стратези, во преден план му биле Хрватите Игор Тудор и Иван Јуриќ, но се откажал од нивни ангажман по првичните разговори што ги водел.
Неофицијално, изборот за нов тренер паднал врз Португалецот Витор Переира, кој ја почна сезонава на чело на Вулверхемптон, но доби отказ од „волците“ пред неколку месеци.
Переира има соработувано со Маринакис како шеф на стручниот штаб на Олимпијакос, што било и главна препорака токму Португалецот на крајот да ја добие одговорната функција да ги води „шумарите“ во претстојните битки за опстанок во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

