Во јануарскиот преоден рок се очекува екипата на Силекс да има мало освежување на играчкиот кадар, во обидот екипата да стигне до едно од местата кои носат на меѓународна сцена идната сезона. За таа цел од Кратово и ќе си заминат неколку играчи.
Според најавите, засега се споменуваат две имиња кои се на излезна врата од кратовскиот тим. Станува збор за стоперот Милош Николиќ и левокрилниот играч Миљан Говедарица.
Двајцата играа повремена улога во тимот на Силекс во есенскиот дел од сезоната, и веројатно нема да бидат достапни на шефот на струката Александар Васоски за пролетниот дел од сезоната. Николиќ одигра само на осум натпревари, додека Говедарица имаше 10 настапи за кратовската екипа во есенскиот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

