Арсенал се уште е во шок по поразот од Саутемптон и елиминација од ФА Купот на Англија, но нема многу време за тагување бидејќи допрва ќе следат вистинските предизвици почнувајќи од утрешното гостување во Лисабон во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.
Микел Артета повторно не може да смета на сите првотимци, но добра вест за стратегот на „топчиите“ е што двајца клучни фудбалери го одработија денешниот последен тренинг.
Габриел се повреди на дуелот со Саутемптон и побара да биде заменет, но Бразилецот сепак ќе биде „фит“ за да ја предводи одбраната на лондонскиот клуб. Заедно со него во тимот ќе биде и Деклан Рајс, кој поради ситна повреда го пропушти репрезентативниот прозорец, воопшто не беше во тимот против Саутемптон, но утревечер ќе му биде на располагање на Артета.
Тросар исто така ќе биде во комбинација за настап, но стратегот на „топчиите“ нема да може да смета на Сака и Езе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

