Двајца кошаркари на Партизан завршија во болница

Партизан го претрпе првиот пораз во АБА лигата откако во 12. коло ненадејно загуби на домашен терен од Будуќност во неизвесна завршница. А, поразот не е единственото нешто што го загрижува тренерот Жељко Обрадовиќ бидејќи двајца кошаркари морале да бидат хоспитализирани.

Станува збор за Френк Нтиликина и Брендон Дејвис кои ја пропуштија средбата. Како што откри српскиот стратег двајцата завршиле во болница на инфузија поради висока температура.

Оваа информација доаѓа во лошо време за белградскиот тим на кој му престои двојно коло во Евролигата против Асвел и Ефес, а потоа и српско дерби во АБА против Црвена Звезда.

Се вчитува...