Двајца учесници го загубија животот на првиот ден од финалето на светската серија во Торемолинос, Шпанија, потврди Светскиот триатлон.
Британската унија за триатлон ја потврди смртта на учесник од нивната земја, без да го открие идентитетот на жртвата и причината за смртта, додека од Мексико потврдија дека се работи за 79-годишниот Рохер Мас Коломберо.
Светското раководно тело на спортот соопшти дека починатите се натпреварувале во нивните возрасни групи. Овој натпревар во Андалузија собра 5.500 триатлонци (од кои 1.500 сениори и помлади сениори) од 80 земји, а ќе трае до неделата кога на програмата е трката за сениори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА