Двајца талентирани Македонци ја засилија Црвена Звезда

Црвена Звезда се засили со двајца талентирани фудбалери од Македонија. Како што објавува „Меридијан Спорт“, нови засилувања на „црвено-белите“ се Михајло Павлов и Марин Крстевски.

Тие се македонски репрезентативци за возраст до 15 години, двајцата беа на проба во текот на зимата во редовите на црвено-белиот тим и успешно ги исполнија сите критериуми. Павлов игра на позицијата дефанзивец, додека Крстевски е играч од средниот ред. 

Тие доаѓаат од ФК Форца Вардар, со кого Црвена Звезда соработува од 2022 година. 

Инаку, тие не се единствените Македонци во редовите на Црвена Звезда, претходно пристигна Матеј Гаштаров, кој моментално е на позајмица во Борац, додека Горазд Ристовски го носи младинскиот дрес. Меѓу кадетите се Матеја Масев и Лука Трпевски. 

Се вчитува...