Двајца важни играчи на Милан се враќаат за дербито со Јувентус

Пауло Фонсека има причина за задоволство откако двајца првотимци на Милан денеска го одработеа целосно тренингот заедно со остатокот од екипата, ставајќи се на располагање за претстојното дерби со Јувентус.

Дефанзивецот Матео Габија беше „во аут“ по повредата на мечот од ЛШ против Бриж, но тој ја искористи оваа репрезентативна пауза за целосно да го санира проблемот. Заедно со него денеска тренираше и Алваро Мората, голгетерот настрада при еден судир со Павловиќ на тренинг на „росонерите“ пред две седмици, но сега е „фит“ за настап против својот поранешен клуб.

Италијанските медиуми го најавуваат Мората како сигурен стартер за „росонерите“ викендов, а тренерот Фонсека во последен момент ќе донесе одлука, дали партнер на Томори во срцето ан одбраната да му биде Малик Тиав или повратникот Габија.

Милан моментно се наоѓа на делба на седмото место на табелата со Болоња, со по 18 бода, осум помалку во однос на лидерот Наполи.

Се вчитува...