Двајца важни играчи се враќаат кај Јунајтед за дербито со Челси

Поразот од Манчестер сити од убедливи 3-0 повторно го стави Рубен Аморим во непријатна ситуација, па менаџерот на Јунајтед мора што поскоро да почне да победува, во спротивно многу брзо би можел да добие отказ и „шут-карта“ од „Олд Трафорд“.

Аморим и неговите избраници веќе викендов ги очекува нов дерби дуел, на кој менаџерот на Јунајтед ќе може повторно да смета на двајца важни првотимци, Матеус Куња и Мејсон Маунт, кои беа стандардни првотимци се до моментите на повреда. Сепак, бразилскиот офанзивец и англискиот играч за врска тренираа со остатокот од тимот во последните два дена, по што добија зелено светло за настап против Челси.

„Куња ќе игра со Челси, тој тренираше со екипата, повредата е минато. Истото важи и за Мејсон Маунт“, објави Аморим на денешната прес-коференција.

Потоа тој обелодени и кои двајца фудбалери нема да бидат во тимот на следниот меч.

„Диого Дало нема да може да настапи. Исто така и Лисандро Мартинез, кој се уште не е фит“, истакна Рубен Аморим.

Се вчитува...