Двајца важни играчи се враќаат кај Манчестер Сити за дуелот со Јувентус

Пеп Гвардиола категорично порача дека големите проблеми со повредите се главна причина за слабите резултати на Манчестер Сити сезонава, инсиситрајќи дека ако тимот му е комплетен тој би се вратил во трката за премиерлигашката титула.

„Граѓаните“ утревечер ги очекува дуел од Лигата на Шампионите со Јувентус, за кој Гвардиола повторно ќе има двајца важни фудбалери на располагање. Фил Фоден и Матео Ковачиќ денеска го одработеа целиот тренинг со остатокот од екипата, добивајќи зелено светло од медицинскиот тим за да бидат во комбинација за пресметката со „старата дама“. Фоден се мачи да се врати во топ-формата со која беше избран за најдобар фудбалер во Премиер-лигата ланската сезона, но многу важно за Гвардиола е враќањето на Ковачиќ, кој е еден од ретките во овој играчки ростер на Сити што може да го замени повредениот Родри.

„Граѓаните“ по првите пет рунди во Лигата на Шампионите се наоѓаат на разочарувачкото 17. место на табелата, со само осум освоени бода (победи над Слован и Спарта, реми со Феенорд и со Интер и пораз од Спортинг Лисабон).

Се вчитува...