Двајца важни играчи се враќаат во тимот на Јунајтед за клучниот меч во ЛШ

Манчестер Јунајтед патува на гостувањето во Турција против Галатасарај, меч за кој Ерик тен Хаг доби две добри вести од медицинскиот тим на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед мора да оди на победа на овој натпревар, па затоа е исклучително важно што Тен Хаг на располагање ќе ги има Расмус Хојлунд и Ентони, кои ги минаа последните тестови и добија зелено светло за да отпатуваат со остатокот од тимот во Истанбул. Двајцата првотимци го пропуштија последниот премиерлигашки меч против Евертон, но во меѓувреме успеаја да ја добијат трката со времето и ќе бидат во комбинација за настап против Галатасарај.

Хојлунд, кој воедно е и најдобар стрелец на тимот во Лигата на Шампионите, се очекува да стартува од првата минута, додека Бразилецот Ентони ќе чека шанса во продолжението од натпреварот.

Се вчитува...