Двајца знаменосци за Македонија на отворањето на ЛОИ во Токио

Македонското знаме на церемонијата на отворање на Летните олимписките игри во Токио ќе го носат Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски, потврдија денеска од Македонскиот олимписки комитет.

Македонија на игрите во Токио ќе ја претставуваат осум спортисти. Први од македонските спортисти ќе настапат Филип Деркоски (пливање – 400 м.) и Борјан Бранковски, спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол кои на Олимписките игри ќе настапат на 24 јули. Арбреша Реџепи (џудо – 52 кгр) ќе настапи на 25 Јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во нејзината категорија.

Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр ќе настапи на 27 Јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во неговата категорија.  Миа Блажевска Еминова ќе настапи на трката на 100 м. (пливање) на 28 Јули. Јованоска Пулексенија (карате, кати) ќе настапи на 5 Август, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал. Стојоски Јован (атлетика) во трката на 400 м. ќе настапи на 1 Август, а финалето на оваа трка е на 2 Август 2021 година. Последен на Олимписките игри ТОКИО 2020 ќе настапи Нуров Магомедгаджи (борење слободен стил, 97 кгр.). Неговите борби во осмина финалето започнуват на 6 Август, а следниот ден ќе се одржат и борбите за медал во оваа категорија.

Се вчитува...