Минаа точно 13 години од тој 29 декември 2013, датум што засекогаш ќе остане запаметен по страшната несреќа што ја доживеа Михаел Шумахер.
Не на Ф-1 патеките каде легендарниот Германец долго време беше неприкосновен, Шумахер настрада при скијање со семејството на францускиот дел од Алпите. Застрашувачки делуваа информациите за сериозни повреди на главата по кои докторите долго се бореа за неговиот живот, за на крајот да успеат во таа борба.
За жал, состојбата на Шуми останува мистерија до ден денеска, што само по себе е предзнак дека станува збор за сериозни последици.
Семејството Шумахер живее во целосна изолација грижејќи се за спортската легенда, одвреме навреме се појавува по некоја информација од луѓе што биле блиски до Шуми, но кај ниту еден од нив не постои оптимизам дека големиот Михаел повторно ќе го видиме во јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

