ЗАСПАНА ОДБРАНА: Две акции на Хрватите, два шута и предност од 2-0 на полувремето (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска има водство од 2-0 по првото полувреме против Македонија на пријателскиот натпревар кој се игра на „Рујевица“ во Ријека, во меч во со многу малку возбудувања и два шута на домашните за предност и од два гола.

Буквално со само две акции и два шута за цели 45 минути Хрватска премногу лесно со двата гола на Ловро Мајер дојде до убедливо водство, искористувајќи ја катастрофалната игра во одбраната на македонската репрезентација која дозволи два лесни гола.

Мајер, најпрво одлично го изведе слободниот удар од 25 метри, но објективно му помогнаа и лошо поставениот жив ѕид, и Димитриевски кој не успеа ниту да „мрдне“…

Македонија претходно беше поактивна на стартот од мечот, со два обиди на Елмас и на Муслиу со глава, но безопасни по голот на Ливаковиќ.

Во продолжението, главно се играше на средината од теренот, а македонската селекција се закани во два наврати. Најпрво по најдобрата акција низ првото полувреме во 35. минута кога Трајковски шутираше од 16 метри но покрај голот на домашните. А, потоа во 44. минута, Трајковски од слободен удар од 18 метри испрати „бомба“ но Ливаковиќ го одбрани неговиот шут.

За да, Хрватите буквално во последните секунди од првото полувреме по одлична акција дојдат до водство од 2-0 благодарение и на вториот гол на Ловро Мајер.

Се вчитува...