Две асистенции на Ристовски во победата на Динамо, Елмас и Лајпциг поразени од Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо Загреб стигнаа до првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва на гостински терен во 3. коло славеа над австрискиот Ред Бул Салцбург со 0-2.

Гостите поведоа со 0-1 во 49. минута со голот на Сандро Куленовиќ на асистенција на нашиот интернационалец Стефан Ристовски. Конечните 0-2 ги постави Бруно Петковиќ во 84. минута и тоа повторно на асистенција на Стефан Ристовски. За издвојување е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на домашните Шлагер во 66. минута. Покрај Ристовски во почетниот состав на Динамо се најде и Аријан Адеми кој беше заменет во 59. минута.

Елиф Елмас и неговиот Лајпциг загубија на домашен терен од Ливерпул со 0-1. Победничкиот погодок за црвените го постигна Дарвин Нуњез во 27. минута. Елмас и овој меч го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 74. минута.

RB Leipzig 0 – [1] Liverpool – Darwin Nunez 27‎'‎
byu/Rudigaa insoccer

 

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 3. КОЛO: 

АТАЛАНТА – СЕЛТИК 0-0 

БРЕСТ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 1-1

АТЛЕТИКО М. – ЛИЛ 1-3

БАРСЕЛОНА – БАЕРН М. 4-1

БЕНФИКА – ФЕЕНОРД 1-3

МАНЧЕСТЕР С. – СПАРТА ПРАГА 5-0

ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ 0-1

САЛЦБУРГ – ДИНАМО 0-2

ЈАНГ БОЈС – ИНТЕР 0-1

Се вчитува...