Македонскиот пливач Андреј Стојановски постигна одлични резултати на Европското првенство за глуви кое од 2. до 8. јули се одржуваше во Лублин, Полска.
Стојановски стигна до две четврти места, и тоа на 200 метри слободно каде во финалето исплива со време 1:58.13 остварувајќи свој личен рекорд. До 4. место стигна и на 400 метри мешано со време 4:51.46 минути.
Во трката на 400 метри – слободно успеа да се избори за финале и заврши на шестото место, а 6. место освои и на 1.500 метри слободно, како и на трката на 200 метри-градно со време 2:33.25 што е негов најдобар резултат. Стојановски на 5. место заврши на трката на 200 метри-мешано со време 2:15.59.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА