Јувентус вредно работи на засилувања за следната сезона во која се планира исчекор и борба за трофеи на домашен терен, но и што подобар пласман во Лигата на шампионите.
Пол Погба веќе е „во џебот“, дополнително се чека Анхел Ди Марија, а наскоро би можел да пристигне и Луис Суарез, кој во меѓувреме му се нуди на Јуве, пренесува „Газета дело спорт“.
Уругваецот пред само две години беше на прагот да потпише за „бјанконерите“, но по фарсата за полагање на италијанскиот јазик заради добивање државјанство, клубот не можеше да го ангажира поради статус на странец. Сега работите се малку поинакви, по истекот на договорот со Атлетико, Суарез повторно е слободен играч и може да го засили Јувентус.
На Макс Алегри му требаат победници, пренесуваат Италијанците, а Суарез е дефинитивно таков играч, бидејќи во текот на кариерата веќе има освоено практично се што можел во клупскиот фудбал.
Тој би бил и одлична алтернатива, а можеби и своевиден ментор на Душан Влаховиќ, кој би можел многу да научи од 35-годишниот напаѓач, кој исто така би дошол без обештетување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА