Две исти приказни од денешните натпревари во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Од Струмица и од Кавадарци доаѓаат уште една потврда на честото правило – кога нема да се реализираат своите шанси секогаш следи казната на спротивната страна.
Силекс и Брегалница не реализираа пенали за победа на гостувањата против АП Брера во Струмица, односно Тиквеш во Кавадарци, па на крај си добија казна.
Силекс имаше предност од 0-1 по првото полувреме, а Анѓелески во 58. минута промаши и пенал и за 0-2 за гостите. Па, струмичани потоа во 76. минута дојдоа до бода со голот на Трајков.
Кратовци дојдоа до предност со голот на Марко Ѓорѓиевски кој прецизно со глава стрелаше во 25. минута.
Во 59.минута одлична шанса за дуплирана предност на Силекс кој одлично играше до овој дел од мечот. Но, Анѓелески не успеа да реализира пенал, а потоа и Ристовски заработи и втор жолт картон и исклучување кај Силекс.
Па, сето тоа донесе казна на спротивната страна, и израмнување за АП Брера во 76. минута за конечни 1-1 со голот на Трајков.
Брегалница, пак, имаше можност за победа на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци, а место тоа доживеаја пораз од 2-1 по гол во 90. минута.
Штипјани до предност дојдоа во 28. минута од средбата со голот на Колин Андерсон. Брза акција на гостите, одлична асистенција на Роналдо Вебстер, а Андерсон со глава одлично погоди за водство од 0-1.
Сепак, по грешката на Лвалива домашните преку Спахиу во 59. минута дојдоа до израмнување на 1-1.
Штипјани имаа одлична можност за ново водство и најверојатно триумф, но Венегас во 69. минута не реализираше пенал за победа.
Е, кога не се реализараше пеналот следеше казната на спротивната страна, па Тиквеш со голот на Иван Ивановски во 90. минута дојде до победата од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

