ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Селекторот Кире Лазаров направи две замени во составот на Македонија за денешниот натпреваар против селекцијата на Словенија, во однос на пресметката од пред два дена со Словенија.
Стојанче Стоилов отпадна од комбинација откако беше позитивен на коронавирус, а на негово место шанса ќе добие пивотот на РК Алкалоид, Кристијан Симоноски.
Втората замена е на голманската позиција, каде Никола Митревски ќе му прави друштво на Мартин Томовски, а на трибините ќе се пресели Градимир Чаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА