Повредите заработени во второто полувреме од мечот со Словенија го принудија селекторот Данило Брестовац на нови измени во составот за денешниот натпревар против селекцијата на Русија.
Двајцата ракометари на Еурофарм Пелиестер, Марио Танкоски и Мартин Велковски, ја загубија трката со времето, ризикот од нова повреда доколку настапеа денеска беше преголем, поради што стручниот штаб ја донесе одлуката тие дуелот со Русија да го следат од трибините.
На нивно место повикани се Михајло Младеновиќ, кој ќе има можност за деби на светските шампионати, и Дарко Георгиевски, кој се враќа во составот откако беше дел од националниот тим на првите две средбиод овој мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА