Случувањата во Партизан се уште се главна тема во кошаркарските кругови во Европа, особено откако денешниот состанок не вроди со плод, Жељко Обрадовиќ ќе има уште 24 часа пред утре да ја донесе конечната одлука, а во меѓувреме цената ја плати спортскиот директор Зоран Савиќ.
Неофицијално, Савиќ бил отстранет од просторијата непосредно пред да почне состанокот меѓу Обрадовиќ и членовите на Управниот одбор, по што веднаш по таа средба следеше и соопштението дека Савиќ веќе не е спортски директор на „црно-белите“. И додека дел од медиумите најавуваат дека и претседателот Мијајловиќ до утре би можел да ја напушти функцијата прв човек на клубот, фокусот на јавноста вечерва е кон наследникот на Савиќ.
Легендарниот капитен Новица Величковиќ беше прв споменат како фаворит за оваа функција, но последните информации говорат дека тој има сериозен ривал во уште една легена на Партизан, Жарко Паспаљ.
Паспаљ своевремено му беше соиграч на Обрадовиќ, легендата неодамна стана дел од клупската управа, а според последните информации би можел да добие шанса и како спортски директор, особено доколку Жељко се премисли и реши да остане тренер.
Конечната разврска сепак ќе биде познаа по утрешниот состанок меѓу Обрадовиќ и членовите на Управниот Одбор на АБА-шампионот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

