Две лица во критична состојба по хоророт во Ливерпул

Вкупно 27 лица се превезени во болница, а меѓу нив две лица се во критична состојба, меѓу кои и едно дете, откако 53-годишен маж со својот автомобил влетал во толпа луѓе кои беа сведоци на победничката парада на фудбалерите на Ливерпул.

Заменик-началникот на Ливерпул, Џени Симс, ја потврди претходно објавената вест дека на местото на настанот е уапсен 53-годишен белец од Ливерпул, за кој полицијата верува дека управувал со возилото во кое беа повредени речиси 50 лица. Таа рече дека истрагата е во тек и дека се утврдуваат фактите кои му претходеле на овој инцидент.

„Инцидентот не беше третиран како терористички напад“, рече Симс, додавајќи дека станува збор за изолиран случај.

Се вчитува...