Македонските кикбоксери Силвио Мировски и Марко Тодоров запишаа победи на престижниот ВАКО Про-турнир „Сплендит Гранд-при“ во Будва, Црна Гора.
Мировски победи на поени против Никола Јоветиќ од Црна Гора со 3-0, додека Марко Тодоров против Никола Прља од Црна Гора извојува победа со прекин во втора рунда со класицен нокаут откако во истата рунда противникот имаше уште едно броење претходно.
Претседателот на ВАКО Македонија, Дејан Митровски Урко изјави дека македонскиот кикбокс го чека допрва успех со резултати од нашите млади кикбоксери кои треба да се докажуваат на престојните меѓународни WАКО првенства од кој очекуваме да се искалат во одлични А класа борци од висок ранг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА