Две победи на младите кошаркари против Бугарија

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години имаше успешни контроли против селекцијата на Бугарија, добивајќи ги двете пријателски средби што ги одигра против источниот сосед.

Во првиот натпревар избраниците на селекторот Тони Симиќ триумфираа со 79-85. Пресудна беше последната четвртина што нашите кошаркари ја добија со 19-26, направија пресврт и стигнаа до победата. Миловановиќ беше одличен во нашиот табор со 24 поени, а 19 поени постигна Јакимовски.

Денешниот натпревар мина во уште поголема доминација на нашите млади кошаркари, кои одиграа извонредно прво полувреме, на одмор заминаа со предност од 26-42 и на крајот триумфираа со 64-73. Димитровски беше главна фигура во нашиот табор со 18 поени, додека по 12 поени реализираа Миловановиќ и Карталовиќ.

 

фото: bgbasket.com

Се вчитува...