Одбојкарите на Струмица низ два пријателски натпревари ја темпираше формата за претстојниот натпревар во Лигата на шампионите против грчки Олимпијакос на 17 септември.
Шампионот на Македонија е во одлична форма по неодамнешните пријателски натпревари, покажувајќи голем тимски дух и решителност. Славеа две победи на тестовите против ОК Дубочица од Србија со 3-1 и против грчкиот Пигасус Полихнис со 3-2.
Натпреварот против Олимпијакос во Лигата на шампионите се игра во вторник (17 септември) во спортската сала Парк во Струмица со почеток од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА