Пјер Емерик Обамејанг кариерата ќе ја продолжи на „Стемфорд Бриџ“ откако англискиот и шпанскиот клуб успеаја да ги договорат условите на трансфер. 33-годишниот ќе ги чини „сините“ 15 милиони евра, а трансфер е вклучен и Маркус Алонсо.
Ова е „вин-вин“ ситуација за Англичаните и Шпанците. Со доаѓањето на Левандовски се намали просторот за Обамејанг, а Челси го доби посакуваниот напаѓач. По ангажманот на Кукуреља и дефинитивно нема место во тимот за Алонсо, а Чави доби нов играч за бековската позиција.
Ова воедно значи и враќање на двајцата играчи во Англија, односно Шпанија, но интересно во големите ривали. Обамејанг претходно беше дел од Арсенал, додека на почетокот на кариерата Алонсо го носеше дресот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

