ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски
Не се знае кој ќе игра во финалето на годинашниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта, ама се знае дека една од сестрите Ана (Виахирева) и Полина (Кузњецова) ќе се бори за европска титула. Двете руски репрезентативки на денешното полуфинале ќе бидат на спротивните страни – Полина Кузњецова на левата крилна позиција во дресот на Вардар, а помалата Ана Виахриева на плејмејкерската позиција во Ростов Дон.
Необичната ситуација, велат за нив е нормална. Полина од следната сеозна од Вардар се сели во Ростов Дон. Но, вели денеска рзмислува само за победа.
„Очекувам победа. Имам мотовација само за победа на овој меч. Не размислувам дека играм против мојата идна екипа или против мојата сестра. Сега јас сум во Вардар и сакам да победувам со Вардар. А, со сестра ми сме играле и порано на различни страни, нема да ни биде ништо необично“ – вели Полина Кузњецова.
За денешниот „сестринскиот дуел“, и Ана Виахирева вели дека е „вообичаена работа“, но предизвик е да се победи Вардар.
„Драго ми е што играме против Вардар, но не затоа што ќе играм против сестра ми. Не гледам ништо посебно во тоа. И претходно со сме играле една против друга, во различни клубови. Тоа е вообичаена работа. Се трудиме да одиграме најдобро и да дадеме се од себе, без разлика кој е на спротивната страна“ – вели Виахирева.
Помладата во сестринскиот дуел, нема дилема кој ќе игра во утрешното финале во Будимпешта…
„Па, мислам јас…“ – вели со насмевка 23-годишната ракометарка на Ростов Дон.
„Кој ќе биде посилен и кој ќе има повеќе среќа, тој ќе биде во финале“ – тактички додава 31-годишната Полина Кузљецова.
Како куриозитет пред денешното полуфинале во ЛШ меѓу Вардар и Ростов Дон е и податокот дека тренерот на Вардар, Ирина Дибирова (Полторацкаја), како ракометарка настапуваше за Ростов Дон (или тогаш Источник), во периодот од 1997 до 2000 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА