Претседателот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, Небојша Човиќ пред извесно време најави дека преодниот рок за шампионот на АБА лига се уште не е завршен. Според последните шпекулации, Звезда ќе го зајакне играчкиот кадар во наредните денови со екс-кошаркарот на Мега, Раде Загорац и американецот Колтон Ајверсон.
22-годишното крило летото беше драфтуван како 35 пик во втората рунда од Чикаго, кои потоа го трејдуваа во тимот на Мемфис Гризлис. Неговите квалитети не го задоволија стручниот кадар на екипата, па во октомври го раскинаа договор по што Загорац остана слободен играч.
Како негова следна дестинација се споменуваше вечниот ривал на „црвено-белите“, тимот на Партизан, но неговиот агент, Мишко Ражнатовиќ ги демантираше сите шпекулации, па сега Загорац е на прагот да заигра во Евролигата доколку потпише за Црвена звезда.
Американскиот центар Колтон Ајверсон минатата сезона го носеше дресот на Макаби Тел Авив, каде беше стартер на 24 натпревари во Евролигата, со просечен учинок од осум поени и пет скока. Од летово е слободен играч, а би можел да го облече црвено-белиот дрес, со цел да остане во најелитното клупско кошаркарско првенство во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА