По освојувањето на шампионската титула во Серија А, Интер ќе ги сврти погледите кон следната сезона и ростерот со кој ќе атакува на одбрана на престижниот трофеј.
А, пак очекувањата се дека за предизвиците кои следат следната сезона дел од тимот нема да биде Алексис Санчез и Стефано Сенси. Договорите на Чилеанецот и Италијанецот истекуваат со крајот на сезоната и двајцата ќе заминат од клубот, пренесуваат италијанските медиуми.
Триесетипетгодишниот Санез оваа сезона настапи на 20 натпревари во Серија А забележувајќи четири асистенции и два гола, додека седум години помладиот Снеси одигра само три натпревари во елитниот шампионат во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА