Две засилувања за Феникс 2010 пред Купот на Македонија (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 пред престојниот натпревар против Гостивар во четвртфиналето од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ се засили со два кошаркара од редовите на Куманово.

Станува збор за Марјан Јанески и Илајџа Џоинер кои се очекува да бидат големо засилувања за „виолетово-жолтите“ не само за Куп завршницата, туку и за престојниот дел од првенството каде скопскиот клуб е на добар пат да ја забележи десеттата победа.

Поранешниот репрезентативец на Македонија со искуство од настапите за Гостивар, Куманово, Работнички, МЗТ Скопје и Торус оваа сезона одигра 15 натпревари во „сино-белиот“ на кои забележа просек од 14.6 поени и 7.2 скока, слично како и американскиот бек кој на три одиграни средби додаде 14.7 поени, 5.3 скока и 5.3 асистенции.

Се вчитува...