Поделба на првите комплети одличја на Европското пливачко првенство во Глазгов. Европа доби четири нови шампиони.
Французинката Фантин Лесафр стана европска шампионка на 400 метри мешано. Таа до златото дојде со време од 4:34.17 минути. Среброто и припадна на Италијанката Иларија Кусинато, а бронзата на домашната натпреварувачка Хана Мајли.
Украинецот Михајло Романчук ја освои титулата на 400 метри слободно. За шампионскиот трофеј, тој оваа делница ја преплива за време од 3:45.18 минути. Резултат за сребрен медал постигна Норвежанецот Хенрик Кристиансен, а бронзата отиде кај германскиот пливач Хенинг Милајтнер.
Француската женска штафета на 4 x 100 метри слободно го запиша второто европско злато за оваа држава на првиот натпреварувачки ден, додека во оваа дисциплина во машка конкуренција триумфираше четворката од Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА