Златниот ден за британското пливање на Европското првенство во Глазгов го отвори Џорџа Дејвис која ја освои континенталната титула на 50 метри грбно. Во третиот обид на талентираната Британка конечно и успеа да дојде до златото откако на претходните шампионати освојуваше сребро и бронза. Русинката Анастасија Фесикова на второто и Финката Мимоса Јалоу на третото место ја комплетираа победничката тројка.
Штафетата на Британија на 4 x 200 метри слободно во машка конкуренција го запиша вториот златен медал за земјата домаќин. Британскиот квартет триумфираше пред четворките од Русија и од Италија.
Денот во Глазгов го отвори триумфот на Германецот Флоријан Велброк на 1.500 метри слободно. Тој зад себе ги остави сребрениот Украинец Михајло Романчук, кому ова му е второ одличје на првенството, и Италијанецот Грегорио Палтринери.
Русинката Јулија Ефимова славеше на 100 метри градно, а Италијанецот Алесандро Миреси триумфираше на 100 метри слободно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА