Планот на Флорентино Перез за враќање на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид се соочил со сериозен проблем, откако две големи „ѕвезди“ на „кралскиот клуб“ јасно ставиле до знање дека не сакаат да го видат Португалецот назад на „Сантијаго Бернабеу“. Станува збор за Серхио Рамос и за Герет Бејл, кои во лични разговори со Перез јасно ставилее до знаење дека Мурињо не треба да биде опција за тренер на Реал за наредната сезона.
И додека мислењето на Бејл не е премногу важно бидејќи Велшанецот секако летово ќе биде продаден, Флорентино не смее да си дозволи да влезе во „војна“ со Серхио Рамос. Откако лани поради конфликт со Кристијано Роналдо мораше да го продаде Португалецот, првиот човек на Реал не смее тоа да го повтори и со Рамос, бидејќи заминувањето на шпанскиот дефанзивец може да покрене нов бран на незадоволство и барање за смена на актуелниот претседател.
Рамос не крие дека имаше лоша соработка со Мурињо во периодот од 2010 до 2013 година, па очекувано е главен противник на идејата за враќањето на „специјалниот“ назад во Мадрид. Неофицијално, Серхио веќе им соопштил и на соиграчите дека ако Мурињо дојде во Реал, тој веднаш ќе побара трансфер.
Флорентино дефинитивно нема лесна задача во изборот за нов тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА