Новиот прволигаш Блокотехна-НБ потпиша договор со 24 годишниот Американец, Двејн Бенџамин кој игра на позиција крило. Висок е 201 сантиметар, а својата кариера ја започнал во престижниот колеџ Орегон, каде поминал две сезони.
Бенџамин минатата сезона ја започнал во Данскиот првак Бакен Берс, па продолжува во Австралиската државна лига во екипата Гералдтон каде што настапува во моментов и бележи 27,3 поени , 7 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки и една блокада по натпревар. По завршувањето на сезоната во Австралија и започнувањето на подготовките на новиот прволигаш од Гевгелија, играчот треба да се приклучи на екипата.
Блокотехна претходно потпиша нови договори со петмина кошакари, Андреј Цветковски, Синиша Аврамовски, Марјан Младеновиќ, Горан Главчев и со Златко Гоцевски, кои од почеток се дел од овој амбициозен проект, а вториот дел од ланската сезона ја минаа на позајмица во редовите на Радовиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА