Двејн Вејд откри дека имал рак на бубрегот

Познатиот американски кошаркар Двејн Вејд во својот подкаст  проговори за здравствените проблеми што ги имал.

Трикратниот шампион во НБА имал проблеми со стомачни болки, а по неколкугодишно отсуство заминал на систематски преглед.

Му бил дијагностициран рак на бубрегот, па му била препорачана операција на која славниот кошаркар бил подложен во 2023 година. Вејд откри дека му биле отстранети 40% од споменатиот тумор и сега се чувствува добро.

„Фала му на Бога што отидов на таа операција. Тоа беше првпат моето семејство, пријателите и другите да ме видат слаб. Тоа беше веројатно најтешката година во мојот живот. Во тие моменти на слабост најдов сила“, изјави 43-годишниот Вејд.

Вејд играше во НБА 16 години, а во 2006 година беше МВП на финалето, кога го предводеше Мајами до титулата.

Се вчитува...