Двете лица на Ѓоковиќ: За пет минути од „зен-расположение“, до демолирање на рекет (видеа)

Новак Ѓоковиќ по огромна битка го совлада Александар Зверев со 3-1 во сетови, а особено интересна беше промената во расположението на прворангираниот светски тенисер за време на третиот сет.

Тој најпрвин по пад на концентрацијата реши да се фокусира седнувајќи на земја крај теренот, во обид да се фокусира.

Ваквиот пристап не вроди со плод, па по една неизнудена грешка само пет минути подоцна Србинот ги загуби нервите, почнувајќи да го удира рекетот од земја.

Ѓоковиќ заигра подобро во продолжението, го доби третиот, потоа и четвртиот сет и се пласираше во полуфиналето, каде ќе се сретне со Русинот Каратсев.

Се вчитува...