Манчестер Јунајтед направи уште еден голем чекор наназад во трката за највисок пласман откако „црвените ѓаволи“ загубија со 2-0 на гостувањето против Вест Хем. За проблемите на Солскјер да се уште поголеми, во првото полувреме од овој дуел повреда за работи Рашфорд, кој се приклучи на листата на повредени играчи крај Погба и Марсијал.
Јармоленко го надмудри Де Хеа и го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а конечните 2-0 ги постави Кресвел во 84. минута.
Во вториот натпревар во терминот од 15 часот Кристал Палас ремизираше со Вулверхемптон 1-2. Домаќините поведоа преку Ворд, имаа и играч повеќе во второто полувреме по исклучувањето на Саис, но „волците“ стигнаа до голем бод со голот што во 95. минута го постигна Јота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА