Двоен проблем: Баерн остана и без Упамекано

Винсан Компани ќе има сериозни проблеми околу составувањето на одбраната на Баерн Минхен за клучниот дел од сезоната, левиот бек Дејвис нема да може да се врати на терените во следните месеци, а репрезентативната пауза се покажа кобна и за централниот дефанзивец Дајо Упамекано.

Французинот заработи повреда на коленоот, за среќа не станува збор за проблем со лигаментите, но клупските лекари сепак препорачаа целосно мирување од еден месец, а камбекот на Упамекано на терените може да се очекува најрано за шест седмици. Дефанзивецот ќе мора да го пропушти четвртфиналето од ЛШ против Интер, како и евентуалните полуфинални пресметки доколку баварците се пласираат во следната фаза од елитното европско натпреварување.

Се очекува во таква ситуација многу поголема минутажа да добие Ерик Дајер, па доколку Англичанецот одговори на предизвикот би добил и нов договор за да го продолжи престојот во Минхен, ако се знае дека актуелниот договор на поранешниот капитен на Тотенхем истекува на крајот од оваа сезона.

Се вчитува...