Двоен проблем за Гвардиола: Уште еден дефанзивец на долга пауза

Манчестер Сити се соочува со сериозна криза во одбранбената линија откако Пеп Гвардиола во второто полувреме од дербито со Челси остана без двајцата најдобри дефанзивци.

Јошко Гвардиол има скршеница на ногата и најверојатно нема да може да се врати на терените сезонава, а главоболките на Гвардиола се уште поголеми откако беше обелоденето дека и повредата на Рубен Дијаз е од посериозна повреда. Португалецот има проблем со задната ложа, а деталните прегледи покажале кинење на мускулни влакна.

Првите прогнози се дека Дијаз ќе паузира до шест седмици од терените, што ги става „граѓаните“ во крајно незгодна ситуација токму во периодот кога почнаа да губат чекор со Арсенал во трката за титулата.

Поради ова, не изненадува што Гвардиола инсистира што поскоро да му биде доведен нов одбранбен фудбалер, а на врвот на листата со желби се наоѓа капитенот на Кристал Палас, Марк Гехи.

Се вчитува...