Двоен проблем за Интер по поразот од Ливерпул

Интер загуби на домашен терен од Ливерпул во Лигата на Шампионите, а проблем плус за тренерот Киву е што „нероаѕурите“ уште останаа без двајца првотимци.

Хакан Чалханоглу и Ачерби предвреме го завршија овој европски меч, по што денеска врз турскиот интернационалец и над искусниот дефанзивец беа извршени детални лекарски прегледи.

Кај Чалханоглу прогнозите се нешто пооптимистички, Турчинот сигурно ќе биде „во аут“ викендов, но постои оптимизам дека тој ќе му се стави на располагање на Киву пред крајот на оваа календарска година.

Што се однесува до Ачерби, кај него прегледите покажале посериозен проблем, па камбекот на италијаскиот дефанзивец се очекува на почетокот од 2026 година.

Се вчитува...