Лацио не успеа да стигне до цел плен на дуелот со Удинезе, ремизирајќи 0-0 против најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната во Калчо-лигата.
Избраниците на Маурицио Сари не успеаја да најдат начин да ја затресаат мрежата на гостите, а дополнителен проблем за тренерот на „лацијалите“ претставува повредата на најдобриот стрелец Чиро Имобиле. Италијанскиот репрезентативец го повреди мускулот без контакт со противнички фудбалер и мораше да биде заменет со Педро, а „лацијалите“ без негов помош не успеаја да стигнат до цел плен.
Специја и Кремонезе ремизираа 2-2 во меч на кој гостите први поведоа преку Десерс, Специја со пресврт замина на одмор, но бод за Кремонезе спаси Пикел со гол во 52. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА