Двоец ќе ја води АП Брера во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ

Тони Атанасов и Панче Стојанов од Струмица ќе го предводат првиот тим на Брера Струмица за пролетниот дел од првенството. Атанасов ќе биде прв тренер додека Стојанов негов помошник. Ова е одлуката на Управата на клубот откако спогодбено ја раскинаа соработката со Горазд Михаилов кој го водеше клубот во есенскиот дел.

Атанасов и Стојанов со Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите ќе го предводат тимот низ подготвителниот период како и за пролетниот дел од првенството.

„Подготвките ги започнуваме утре сабота и до стартот на вториот дел од првенството ќе работиме на подигнување на физичката кондиција но и на техничко тактички план. Според планот ќе се работи секојдневно а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет. Паралелно како клуб работиме и на ангажирање фудбалери кои заедно со потенцијалот што го поседуваме ќе го носат товарот во преостаниот дел од првенството“, изјави Атанасов.

Се вчитува...