Двојаковски е на чекор до Пелистер

Македонскиот вицешампион Пелистер е на добар пат да го осигура потписот на Оливер Двојаковски, крилниот кошаркар кој би му бил од помош на тренерот Илиевски за борбата под обрачите.

„Пелистерци“ ги очекуваат значителни промени во ростерот во однос на ланската сезона, прв нога повлече центарот Игор Кесар, си замина и репрезентативецот Ѓуроски, барање за трансфер поднесе и Младеновиќ, кој иднината ја гледа надвор од Битола, а Малешевиќ исто така се наоѓа на излезна врата. Можно е тимот да го напушти уште некој кошаркари, па битолчани ќе мора да донесат неколку квалитетни засилувања ако сакаат повторно да атакуваат на висок пласман.

Двојаковски има зад себе успешна сезона во Академија ФМП, тим каде што остана до крајот на ланскиот шампионат и покрај сериозните финансиски проблеми. За овој кошаркар се интересираа уште неколку македонски прволигаши, но тој ја прифати понудата на „пелистерци“, тим со кој ќе има шанса да се натпреварува и во АБА2 лигата.

Се вчитува...