Двојаковски од Работнички пред трансфер во МЗТ Скопје

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски е пред потпис со актуелниот шампион МЗТ Скопје. Својот трансфер крилниот центар би го реализирал од редовите на Работнички.

Аеродромци останаа „куси“ на високите позиции по заминувањето на Баковиќ, а изборот падна на 27-годишниот беровчанец кој го носи дресот на лутиот ривал во стартот на оваа сезона, но со скромен учинок и просек од нецел поен и 1.4 скокови на седум одиграни натпревари во Прва лига за 6.7 минути, односно 1.7 поени и 1.3 скокови за 11.3 минути на три средби во АБА2.

Двојаковски во минатото ги бранеше боите и на АВ Охрид, Куманово, Академија ФМП, Пелистер, Еуро Никел и Шкупи, а има и интернационално искуствво со оглед на тоа што како младинец настапуваше во Шпанија.

Се вчитува...