Вардар ќе се сретне со бранителот на трофејот Македонија ЃП во осминафиналето од Купот на Македонија, беше одлучено со денешната ждрепка во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија. „Лавовите“ се актуелни освојувачи на пехарот, но нема да имаат лесна задача против „црвено-црните“, без оглед на слабиот старт на сезоната во Првата лига.
Шкендија ќе има тешка задача против екипата на Работнички, а ждрепката донесе и интересен езерски дуел, меѓу Воска и Струга ТЛ.
Брегалница не би треало да има тешка задача против Јанг Тим, Брера ќе го пречека Гостивар, додека Шкупи ќе биде домаќин на Охрид.
ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ
Работнички – Шкендија
Вардар – Македонија Ѓ.П
Брегалница – Јанг Тим
Силекс – Башкими
Пелистер – Тиквеш
Брера – Гостивар
Шкупи – Охрид
Воска – Струга
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА