Двојките на Ливерпул и Челси се најголеми на свет во Mozzart

Квотите за победа на црвените во Лондон против Арсенал и на сините во Лил се по 2,05

Лигата на шампионите и денеска е во прв план. Се бараат преостанатите двајца учесници во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Се играат и преостанатите натпревари од Премиер лигата. Букмејкерите на Mozzart за среда подготвија две квоти, кои во секое време ќе бидат најголеми во светот.

Играчите ќе имаат големи квоти за победа на англиските гиганти, Ливерпул на Емирати против Арсенал и Челси во Лил. И двете се по 2,05.

Во Моzzart во тек е голема наградна игра! Од 15 февруари до 25 април, погоди го најдолгиот тикет и освој го прекрасниот автомобил BMW Х3!

Доколку тикетот е промашен, повторно учествувате во наградната игра! Секоја недела, недобитниот тикет со најголем број на погодени натпревари добива 1.000 евра!

Уживајте и заработете со најголемите квоти на свет.

 

ЛИЛ – ЧЕЛСИ (СРЕДА, 21:00 ч.), ДВОЈКА 2.05

Сините играат од инает. Роман Абрамович е на мраз поради војната во Украина, клубот страда, се уште се бара нов купувач. Тешка ситуација за тренерот Томас Тухел, но Челси игра одлично во последно време врзувајќи четири победи. Тимот од Лондон ја брани титулата во Лигата на шампионите, а е на прагот од четвртфиналето по триумфот на Стемфорд Бриџ против Лил со 2:0. На првиот натпревар головите за Челси ги постигнаа Каи Хаверц и Кристијан Пулишиќ. Тухел на овој реванш нема да може да смета на Бен Чилвел, додека мали се шансите да играат Калум Хадсон-Одои и Рис Џејмс. Капитенот Сесар Аспиликуета се враќа во тимот по прележаната болест, како и неговиот сонародник Маркос Алонсо. Колегата на Тухел, Јослен Гурвенек, има голема причина за грижа. Дуелот со Челзи ќе го пропушти можеби најдобриот играч, Португалецот Ренато Санчез, кој поради повреда ќе отсуствува околу три недели. Сините имаа добра увертира за денешниот дуел. Минатиот викенд го победи Њукасл со 1-0, додека Лил разочара, одигра без гол против Сент Етјен на домашен терен. Лил ги загуби сите три натпревари во Лигата на шампионите од Челси. Покрај дуелот пред три недели во Лондон, Челси двапати ги победи догите во сезоната 2019/2020. Двата пати беше 2:1.

 

АРСЕНАЛ – ЛИВЕРПУЛ (СРЕДА, 21.15), ДВОЈКА 2.05

Во Премиер лигата не очекува страшна завршница – битката на Манчестер Сити и Ливерпул за титулата. По ремито (0:0) на Граѓаните во Лондон против Кристал Палас во понеделникот, избраниците на Јирген Клоп имаат шанса да се доближат на само бод до лидерот. На тимот од Енфилд нема да им биде лесно, бидејќи гостува кај Арсенал. „Топџиите“ врзаа пет победи во Премиер лигата, па се на посакуваното четврто место, но пред Манчестер Јунајтед, Вест Хем и Тотенхем. Оваа сезона овие екипи одиграа три натпревари, а Ливерпул двапати победи – во Премиер лигата со 4:0 на „Енфилд“, додека „црвените“ беа подобри во полуфиналето на Лига на купот. По 0:0 на Енфилд, во реваншот беше 2:0 за Мохамед Салах и пријателите. Ливерпул е во страшна форма. На последните 14 натпревари победи на 13, а загуби само минатата недела од Интер во реваншот од осмината од ЛШ (0:1), но тој пораз беше безболен бидејќи славеше со 2:0 на првиот меч во Милано.

* Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет.

Се вчитува...