Двојна круна за Ристовски и Жута: Риека го освои и Купот на Хрватска

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута слават двојна круна со тимот на Риека во Хрватска. Вечерва нивниот тим го освои и Купот на Хрватска, совладувајќи го Динамо Загреб во Вараждин со 3-1. Претходно, Риека прва мина низ целта и во шампионатот на Хрватска.

Ристовски го одигра целиот натпревар за Риека во финалето, додека Жута остана на клупата за резервни фудбалери.

Двоен стрелец за Риека во финалето беше Марио Гаврановиќ, а во листата на стрелците се запиша и Дарио Жупариќ. Шпанскиот интернационалец Дано Олмо во првото полувреме израмни на 1-1, но тоа беше се што сторија „модрите“ од Загреб на овој финален дуел.

 

Се вчитува...